Пежо 3008 прогласен за еден од најпроизведуваните автомобили во Франција во 2018 година! Произведен е во фабриката на PSA Group во Сошо. Овој SUV ја носи ознаката „Origine France Garantie” уште од самото лансирање во октомври 2016 година.
Овој модел беше произведен во 258.460 примероци во Франција во 2018 година, пред Тојота јарис со 248.541 примероци. Секој ден околу 1000 возила на Пежо 3008 се произведуваат во фабриката на PSA Group во Сошо, која исто така има произведено над 23 милиони автомобили.
Пежо 3008 беше развиен од страна на проектанските тимови во Сошо и тестиран на патеките на тест центарот “Centre d’Expérimentation” во Белшамп.
Моделот е голем успех за брендот од самото лансирање во октомври 2016 година. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на Пежо во категоријата SUV во Европа заедно со 2008 и 5008.
Пежо 3008, исто така е лидер во C-SUV сегментот кај B2B корисниците и е рангиран на второ место во сите категории на регистрирани патнички автомобили.
Пежо 3008 има освоено 63 светски награди и беше прогласен за автомобил на годината во 2017-та од 58 европски новинари од 22 земји.