На 27 ноември 2018 година, десет илјади вработени во фабриката на „PSA Sochaux“ го
прославија произведувањето на 500.000 примероци од „PEUGEOT 3008 SUV“ и 1.000.000 примероци од „PEUGEOT 308“. Овие две возила се произведуваат во фабриката „Sochaux“ и тие се гордост на Брендот.
Од неговото лансирање во октомври 2016 година, „PEUGEOT 3008“ е вистински успех за Брендот. Ова е третото најдобро продавано возило во Франција во 2018 година и со тоа „PEUGEOT“ е лидер во категоријата „SUV“ во Европа заедно со моделите 2008, 3008 и 5008.
„PEUGEOT 3008“ е исто така лидер во сегментот „C-SUV“ за потрошувачите на „B2B“ и на второ место во сите категории на патнички автомобили регистрирани во Франција.
„PEUGEOT 3008“ има добиено шеесет и три светски награди, вклучувајќи ја и престижната награда „Автомобил на годината” во март 2017 година.
Поизведени се повеќе од 1.000.000 возила ширум светот од 2013 година и со тоа
„PEUGEOT 308“ е лидер во сегментот „C“ во Франција во 2018 година. Исто така е лидер во „С“ сегментот за „В2В“ потрошувачите и на трето место во сите категории на патнички автомобили регистрирани во Франција. „PEUGEOT 308“ има добиено повеќе од четириесет светски награди, вклучувајќи ја престижната награда “Автомобил на годината” во март 2014 година.
„PEUGEOT 308“ и 3008 беа развиени од страна на проектните тимови од „Sochaux R&D“ и тестирани на патеките на „Центарот за експериментирање Sochaux / Belchamp”. За да се задоволи побарувачката од овие две возила сега се проиведуваат по 860 примероци на ден од 308 и повеќе од 1000 примероци на ден од 3008. Овие две глобални возила се продаваат секаде каде што е присутeн брендот „PEUGEOT“.
„Sochaux“ треба да произведе скоро 500.000 возила оваа година, а од своето основање оваа фабрика има произведено повеќе од 23 милиони автомобили, главно за брендот „Peugeot“.