Стапката на невработеност во Шпанија паднала на 14,6 отсто во третиот квартал од тековната година, што е најниска стапка на невработеност од последниот квартал во 2008 година.
Со тоа се надминати проценките на економистите кои предвидуваа дека стапката на невработеност во Шпанија ќе падне на 14,9 отсто, во однос на просекот на Еврозоната од 8,1 отсто во август.
Вкупниот број на вработени лица во Шпанија пораснал во третиот квартал за 183.900, на 19,5 милиони, на годишно ниво, покажуваат податоци на Националната служба за статистика.
Според сезонски прилагодени податоци, вработеноста пораснала за 478.800 луѓе или 2,51 отсто во однос на истиот период минатата година.