Бектеши во посета на автокампот „Ливадишта“
Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, со директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски, со директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу денеска беше на посета во автокампот „Ливадишта“ во Радожда – Струга. Како што наведуваат, во изминатиот период направени се инвестиции во подобрување на условите и услугата за туристи во овој автокамп.
– За Владата, за Министерството за економија која е надлежна за областа на туризмот, вакви локаци се многу важни да бидат развиени се со цел да можеме да привлекуваме повеќе туристи, не само домашни но истовремено и странски туристи. Затоа, веќе креираме и дизајнираме одредени мерки, усвојуваме одредени програми, но секако дека подготвуваме и студии се со цел на одржлив начин да се развиват вакви многу важни туристички места – кажа министерот Бектеши.
ЕЛЕМ ТУРС како што кажа Бектеши веќе инвестира во подбрување на условите и услугата во автокампот „Ливадишта“, што ќе значи поголем број на туристи и ќе влијае врз локалниот економски развој на општина Струга и регионот.
– Многу е добро да се наведе фактот дека чартер летовите од страна на тур операторите се веќе резервирани, очекуваме во текот на летото да имаме туристи кои секако дека ќе го надминат бројот од предходната година, но зошто да не се вратиме на бројките кој ги имавме пред времето на пандемијата. Значи Владата, Министерството за економија, Агенцијата и сите други институции се повеќе од посветени во подобрување на условите како за домашните, така и за странските туристи – додаде Бектеши.
Директорот на „ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу кажа дека со подршката на државата и надлежните институции се направени сите потребни активности во автокампот „Ливадишта“ за почеток на летната сезона за пречек на туристи од државата и регионот.
– Ние преземавме значителни чекори за подобрувањето на условите на овој автокамп во делот на реновирање на јавните тоалети, во делот на одржување на зеленилото во овој авто камп, создаваме нови услови за турситите кои што ќе ги користат овие капацитети во нашите плажата на авто кампот, на една на најубавите плажи во Струга. Ние нема да застанеме тука со нашите капацитети. Со подршката на Министерството за економија која што ја имаме цело време ние ќе се обидуваме да привлечеме што е можно повеќе туристи во капацитетите со кои раасполагаме како ЕЛЕМ ТУРС. Од денеска сите туристи можат да ги користат нашите капацитети и да бидат присутни тука – кажа Авзиу.
Обиколката на Авто кампот е во знак на официјален почеток на сезоната, која заради пандемијата оваа година започнува подоцна од вообичаено, претставување на обновените содржини во Кампот и обидите за враќање на сјајот на автокампот „Ливадишта“, како и зголемување на интересот за овој вид туризам во земјава.