Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, „на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната Банка“.
Протестот ќе започне во 15 часот на 30 октомври, еден ден пред светскиот ден на штедењето.
– Ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на кој било начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните, а не на криминалците. На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно – се вели во повикот.