Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од минатата недела (29.06.2020 година).
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг и ќе изнесува 25,980 ден/кг.
Од 07.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 52,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,980 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалувања кај бензинот во просек за 0,836%, кај дизелот има зголемување во просек за 2,358%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,716% и кај мазутот зголемувањето е во просек за 0,873% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,071%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.7.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.