Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од минатата недела.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар по литар и ќе изнесуваат: за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,5 денари, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) 56 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден и пол денар, и од полноќ ќе изнесува 67,5 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,364%, дизелот за 2,798%, екстра лесното масло за 3,039% и кај мазутот за 3,013 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,43%, информираат од Регулаторната комисија.