Најновите технолошки достигнувања од почетокот на 2022 година кај 100% електричните верзии на новите PEUGEOT 208 и 2008 ќе додадат до 25 km и 8% повеќе опсег според циклусот WLTP, а уште повеќе во возењето во реалните услови на патот.
И двете возила лансирани на крајот на 2019 година, 100% електричните PEUGEOT e-208 и PEUGEOT e-2008 имаат голем успех на пазарите, со повеќе од 90.000 произведени возила. Овие два модели ја нагласуваат релевантноста на стратегијата за електрификација на брендот PEUGEOT.
Поставени на eCMP (Заедничка модуларна платформа), опремени со батерија од 50 kWh, електричен мотор од 100 kW (136 КС) и вртежен момент од 260 Nm, овие две возила ќе ги покажат најновите технолошки достигнувања, со цел да понудат поголема автономија на нивните корисници.
Најпрво, пневматиците се оптимизирани со промена на класата „А+“, обезбедувајќи поголема ефикасност благодарение на помалиот отпор на тркалање. Ова се однесува на тркалата од 16 инчи за PEUGEOT e-208 и 17-инчните тркала за PEUGEOT e-2008.
Дополнително, има механички развој со нов сооднос на менувачот, кој го оптимизира опсегот при возење на пат и автопат.
Конечно, нова топлинска пумпа заедно со сензорот за влажност инсталиран на горниот дел од ветробранското стакло ја оптимизира енергетската ефикасност на греењето и клима уредот. Информациите што ги соопштува
овој сензор овозможуваат попрецизно да се контролира кружењето на воздухот во патничката кабина и на крајот да се заштеди количината на енергија содржана во батеријата при загревање и одржување на температурата во возилото. Овој најнов напредок е особено забележлив при ниски надворешни температури.
Накратко, целиот овој напредок ќе обезбеди зголемен опсег според циклусот на хомологација WLTP (Светскa процедурa за тестирање на хармонизирани лесни возила):
• Новиот PEUGEOT e-208 сега ќе нуди опсег до 362 km според WLTP, што претставува зголемување за 22 km.
• Новиот PEUGEOT e-2008 сега ќе нуди опсег до 345 km според WLTP, што претставува зголемување за 25 km..
Но, покрај значителните зголемувања на опсегот според циклусот WLTP, има и значителни зголемувања во реалната употреба на клиентите, од околу 40 km, во градскиот сообраќај на температури блиску до 0°C.