Помалку нормално искуство: Новата „Опел Мока“ во дебармаалското кафуле „Каса Бар“, на „дружење“ со автомобилските експерти
Во еден од урбаните локали на градот „Каса Бар“ во Дебар Маало, денес се одржа едно пријатно предпладневно дружење по повод пристигнувањето на Новата „Опел Мока“ во С. Македонија.
„Помалку нормално. Повеќе мока“ е слоганот на најновата кампања на брендот „Опел“.
Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, новиот модел беше претставен во својата „блек перла нера“ комбинација на бела боја со црвено-црни елементи кои ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на Брендот.
Автомобилските експерти имаа можност да се запознаат одблиску со новат „Опел Мока“ и да посведочат на драстичните промени кои успешно ги има воведено Брендот во овој нов модел.
Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот па сé до внатрешниот ентериер кој што доби целосен дигитален детокс, носејќи го искуството при возењето на ново ниво – дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил.
Секоја линија, од самоуверената силуета на СУВ до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија. „Мока“ има непогрешливо смел став, возило што се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил.
Како и да гледате на неа, во Мокка ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот па сѐ до извајаните задни фарови Еко-ЛЕД кои хармонично го реплицираат препознатливиот визир.
„Мока“ не наликува на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата.
Овој модел може да се нарача и во електрична верзија.
– Новата „Мока“ е забавна, ефикасна и иновативна. И со право го носи слоганот „Помалку нормално. Повеќе Мока“. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата „Мока“ е внимателно креиран и осмислен така да се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека ќе предизвика во нив емоции кои дизајнерските експерти ги предвиделе при креирањето на истиот – изјави Кирил Воиновски, генерален директор во „Еуроимпекс“.
Доколку сте подготвени да искусите предизвикувачки, современ стил, кој возењето го издигнува на едно сосема ново ниво, обратете се кај овластените дилери, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за „Опел“.