НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Како што информираат од пензиското друштво, во иднина тоа ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.
– Заедно со новото име, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Друштвото во процесот на ребрендирање ќе добие целосно нов визуелен лик. Друштвото ќе продолжи да функционира и работи на ист начин како и досега, стремејќи се да обезбеди сигурни пензиски заштеди за своите осигуреници, преку остварување соодветен долгорочен принос од инвестициите на средствата на фондовите – се вели во соопштението од ова пезниско друштво.
Промените во називот и ребрендирањето на НЛБ Нов пензиски фонд следуваат откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100 отсто од акциите на пензиското друштво.