НЛБ Банка во периодот од 1.11.2021 до 31.12.2021 година подготви промотивнa кампања за сите кредити за физички лица. Ова е одличен момент за долгорочна инвестиција за клиентите кои се подготвени оваа есен да зачекорат во нова среќна приказна и сакаат да
го преуредат домoт или да купат нов стан или куќа и да ги искористат поволностите на
НЛБ потрошувачките или станбени кредити.
Имено за време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа
придобивки и поволности, пришто сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за
одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без
трошоци за проценка на имот.
Дополнително во овој период за секој НЛБ Потрошувачки кредит клиентите ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.
Клиентите кои ќе се решат да купат нов стан или куќа ќе можат да ги искористат
поволностите за НЛБ Станбените кредити со подолг рок на отплата до 35 години и
фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените
кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во
соработка со Нептун Македонија.
За кредитните продукти на НЛБ Банка и за промотивната понуда можете да добиете
повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600