НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.8.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.
Почнувајќи од 1.7.2020 година Банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ Станбените кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3% и варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот која е намалена и сега изнесува 4% (4 процентни поени + 6 месечен ЕУРИБОР).
Воедно, по повод 35 годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити.
Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.
Со промотивната понуда и поповолните услови НЛБ Банка сака да им излезе во пресрет на своите клиенти, да застане како нивен сигурен и доверлив партнер и да ги охрабри во донесувањето на некои од најзначајните животни одлуки, а тоа е купувањето на свој сопствен дом, решавањето на потребата од дополнителни финансиски средства, реновирање итн.
Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб-страницата на НЛБ Банка, на социјалните мрежи на Банката, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.