НЛБ Банка воведе нов НЛБ Брз потрошувачки кредит кој се одобрува и исплаќа за само 1 час.
НЛБ Брзиот кредит е со максимален износ до 300.000 мкд и е достапен за сите клиенти кои својата плата или пензија ја примаат преку НЛБ Банка. Овој кредитен продукт може да се добие во сите експозитури на НЛБ банка, без потреба од дополнителна документација, само со приложување на документ за лична идентификација.
Во периодот до 31.05.2019 година НЛБ Банка води промотивна кампања во рамките на која сите апликации за НЛБ Брзиот потрошувачки кредит ќе се одобруваат без манипулативни трошоци.
Сите заинтересирани клиенти за НЛБ Брзиот потрошувачки кредит може да добијат повеќе информации во најблиската експозитура на НЛБ Банка, на телефонскиот број 02/15-600 или на интернет страницата www.nlb.mk.