НЛБ Банка воведе нов продукт за правни лица Бизнис долгорочен денарски продукт со намалена каматна стапка и без провизија за одобрување во периодот до 30.06.2019 година.

Во промотивниот период сите нови корисници кои ќе аплицираат за Бизнис долгорочен денарски кредит можат да ги искористат следниве поволности: 
 
НРКС + 2,2% – 3,35%

Без провизија за одобрување за примени апликации до 30.06.2019

Бизнис долгорочен денарски кредит е наменет за сите правни лица кои бележат позитивни финансиски резултати од работењето и имаат потреба за дополнителни средства за инвестиции, трајни обртни средства, рефинансирање на изложеност од друга Банка.