Почнувајќи од први октомври, НЛБ банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години и посебни поволности до 31.12.2019 година. Новата понуда на клиентите им нуди можност да изберат станбен кредит со најниска каматна стапка од 3 отсто фиксна за првите 5 години или каматна стапка од 3,5 проценти фиксна за првите 10 години.
Исто така, во насока на обезбедување дополнителна финансиска стабилност и намалување на неизвесноста од иднината, со својот станбен кредит клиентите имаат можност да добијат и полиса за животно осигурување со поповолни услови за користење на кредитот.
– За да одговориме на барањата на нашите клиенти креиравме нови станбени кредити со најниски каматни стапки и најповолни услови на пазарот. Новите станбени кредити на нашите клиенти им овозможуваат да го изберат домот што го посакуваат и притоа да имаат контрола во менаџирањето на својот семеен буџет, благодарение на подолгиот период на фиксност на каматните стапки. Како додадена вредност, клиентите со својот станбен кредит добиваат и бесплатна кредитна картичка како и можност за користење бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со „Нептун“. И во иднина следејќи ги потребите на пазарот ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата понуда за да креираме позитивно корисничко искуство – велат од НЛБ банка.
Во рамките на промотивната кампања, НЛБ станбените кредити се одобруваат без трошоци за одобрување и процена. Новата понуда се однесува за сите новоодобрени кредити од 1.10.2019 година.
Повеќе информации за новите станбени кредити клиентите може да се добијат на веб-страницата www.nlb.mk, на телефонот 02/15 600 или во најблиската експозитура на банката.