Eдна од најуспешните бизнис жени во нашава земја, Нина Шерифовска – извршен директор на Парк Резиденс, го доби признанието за „Најжена на 21. век” на овогодишното 18-то по ред издание на една од најзначајните манифестации која на едно место ги собира најдобрите жени претприемачи од сите области на бизнис и јавниот живот од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. На оваа манифестација присуствуваа повеќе од 300 успешни жени од целиот регион кои претставуваат значаен фактор во областа на бизнисот, науката, уметноста, спортот, модата и медиумите, со цел јакнење на претприемачката клима и конкурентност на пазарот, како и потенцијалот на ниво на цела Југоисточна Европа.
– Секогаш велам дека ништо што вреди не се добива лесно, а теоријата која што во мојата кариера се потврдила е дека што поупорно и напорно работите на вашата цел, замисла или сон толку е поубаво и исполнително чувството кога ќе го постинете истото. Ова се потврдува секој ден во мојата работа, со секојдневно достигнување и освојување врвови. Тогаш работата преоѓа во задоволство. Голема чест е да се биде помеѓу сите овие моќни жени кои придонеле многу за развојот на одредени бизниси, а уште поголемо е задоволството што целиот мој труд, внимание и посветеност е препознаен и признат и надвор од нашите граници, односно на регионално ниво – истакна Шерифовска.
Целта на овој настан е унапредување на професионалниот развој на учесниците од приватниот и јавниот сектор, нивна афирмација, како и поврзување и промоција на најдобрите претприемачки пракси, компании и општествено одговорно работење. Фокусот се става на оддавање признание не само на претприемачкиот дух и успешните проекти, туку и оддавање признание на лидерството и мотивацијата која ја пренеле во своите компании, придонесот кон заедницата и кон личниот развој на другите вработени, на тој начин давајќи позитивен пример кој треба да го следат и другите.