Очекувам до 30 јуни да се најде трајно решение за маркичките за брашното, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, без да појасни дали тие ќе се укинат.
Според него, маркичките непотребно постојат и само ги оптоваруваат увозниците и домашните производители.
Коментирајќи ги заканите на мелничарите дека нема да откупуваат пченица ако не се врати Правилникот, министерот напомена дека тоа се истите оние што најпрво барале маркички, а потоа иницирале нивно укинување.
– Продолжуваме преку средби со мелничарите да ги решаваме сите прашања и проблеми не очекувам – потенцира Николовски.