Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата, рече Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.
– Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и јакнење на приватната потрошувачка.
Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.
27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги
Со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.
Меѓу мерките од четвртиот пакет е и Викенд без ДДВ која се спроведува овој продолжен викенд а која има за цел да ја зголеми приватната потрошувачка, а истовремено да обезбеди повеќе пари кај граѓаните и нивните семејни буџети.
Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата ковид 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите.
Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија.
СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи, за брзо надминување на последиците од економската криза – истакна Николовска.