Владата вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу државата и ТАВ Македонија ДООЕЛ.
– Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид – соопшти владината прес-служба.
Како што информираа претходно од Владата, за 99-те проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.