Министрите во Владата на денешната седница донесоа одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи.
Со оваа одлука се прифати увозните давачки – царинските стапки за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во период од една година да се намалат на нивото на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на Европската Унија, со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.
– Причина за ваквото намалување на увозните давачки – царинските стапки на овие производи, е што овие производи не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Република Северна Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија – соопштија од Владата.