Над 19 илјади компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денар по работник, информираат од Владата.
Од таму посочуваат дека со мерката се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси и се создаваат сериозни услови да се сочуваат работните места.
– Бројката на компании кои аплицирале е исклучително висока и охрабрувачка, особено ако се има предвид дека до крајот на рокот за аплицирање остануваат уште два дена, денешниот и целиот утрешен ден до 24 часот – се наведува во владиното соопштение.
Аплицирањето за оваа мерка почна на први мај и до сега во Управата за јавни приходи се пристигнати нешто повеќе од 19 илјади апликации.
Владата уште еднаш ги повикува сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП.