Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“.
Претходната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.
ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто.
Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово четири отсто, Црна Гора 3,7 отсто, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 отсто и Хрватска 2,8 проценти.
ММФ во есенскиот извештај ја намали проценката за глобалниот раст за 2018 и 2019 година.
Светската економија и оваа и наредната година ќе порасне за 3,7 проценти, наместо претходно предвидените 3,9 проценти.