Инстант-лотаријата Мини и Макси и понатаму продолжува да радува играчи со нови автомобили. Најновиот добитник на автомобил „бмв х1“ е Игор Стојчески од Прилеп. Во салонот на „М-Кар“ клучевите од својот нов автомобил ги доби од Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија.
Игор е верен играч на инстант лотаријата и за тоа за секоја пригода не пропушта да додели и Среќа Плус на своите најблиски. Патувајќи во Виница на свадбена свеченост, решил да ги израдува младоженците со пакет инстант лозови Мини и Макси. При тоа од продажното место во Виница ВИ ВАРДАР купил осум лоза за младоженците и два лоза за себе. Своите лозови ги оставил во џебот на палтото и заминал на свадбата. Дури после две седмици му текнало дека во џебот му останале лозовите не изгребани, а веднаш потоа следело и изненадувањето со трите симболи на „бмв х1“ кои му го донесоа новиот автомобил.
За потсетување, инстант-лотаријата Мини и Макси нуди многу парични добивки, пет автомобили Мини Оне и 10 автомобили „бмв х1“. Не пропуштајте ја шансата за Мини инвестиција да дојдете до Макси добивка.