Шестата серија на инстант-лозот Златна Рипка донесе уште еден добитник на 1.000.000 денари, чија среќна приказна ја слушнавме денес. Благоја Велкоски од Прилеп нѐ посети во просториите на Државна лотарија каде што му ја потврдивме и исплативме добивката. Имено, Златната рипка е омилениот лоз на Благоја и го купува постојано, а добитниот лоз е купен од среќното продажно место во Прилеп – „Тобако Плус“.
За потсетување, шестата серија на Златна рипка е во тек, а ние сме во исчекување да ги запознаеме новите добитници кои ќе се приклучат на големото семејство на добитници на Златна рипка. Златната рипка нуди три шанси за добивка на еден лоз.
Улови милион со Златна рипка на Државна лотарија!