Изнесените информации дека не е постапено по случајот за поранешниот претседател на Сојузот на тутунопроизводители Кире Неделковски, се уште една дезинформација и лага на ВМРО ДПМНЕ, во обид да соберат политички поени и да ги придобијат земјоделците, реагираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на обвинувањата од Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дека близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите.
– Не е точно дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство не реагирало за случајот со Сојузот на тутунопроизводителите како што тврди, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски. Добиеното известување од Сојузот на тутунопоризводители, тогашниот министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 18.02.2019 веднаш го препрати до Управата за финансиска полиција што јасно се гледа и во приложениот документ. Надлежната институција е навремено информирана и од страна на МЗШВ и е укажано во согласност со законските надлежности да ги испита и утврди сите сознанаија за финансиска проневера – велат од МЗШВ.
Според надлежностите, доадаваат од таму, од страна на МЗШВ е постапено соодветно законите и за случајот била информирана надлежна институција за справување со финансиски криминал.