На меѓународниот собир за угостителство и туризам што неодамна се одржа во градот Ниш во соседна Република Србија кумановската компанија “Етно Село – Тимчевски” доби големо меѓународно признание за постигнати врвни резултати од областа на туризмот и угостителството

На собирот кој што се одржа во организација на Здружението на угостителки и туристички работници од Ниш (UUTP) кумановската кмпанија од страна на Меѓународниот центар за развој и унапредување на туризмот и угостителството (SACEN ) доби Златна плакета, а како препорака за најдобар ресторан во Република Македонија за 2018 година. Што се однесува пак до кумановската компанија „Етно Село – Тимчевски” таа на полето на туризмот и угостителството во Куманово и во државата опстојува последните десетина години или поточно од 2009 гдина.

Т.Д.