Меѓународниот саем РЕНЕКСПО ( RENEXPO) првпат во Северна Македонија ги отвора своите врати за деловните лидери, носителите на одлуките, локалните и меѓународните стручњаци за обновлива енергија, управување со водите и управување со цврст отпад, со повеќе од 50 меѓународни и домашни изложувачи. Во текот на 3 и 4 декември 2019 година РЕНЕКСПО, во соработка со релевантните државни агенции и деловни партнери, ќе одржи шест конференции и тркалезни маси.
РЕНЕКСПО е регистрирано заштитно име на компанијата „РИКО интернешнл“ (REECO International), која е организатор на саеми, изложби и конференции низ цела Европа. Од 1997 година „РИКО интернешнл“ и „РИКО ГмбХ“ (REECO GmbH) се пионери, чија цел е да го трасираат патот кон снабдувањето со енергија заснована на обновливи извори, да промовираат нови можности за отпад и вода и да ги интегрираат решенијата за енергетската ефикасност.
Саемите РЕНЕКСПО станаа препознатлив бренд на Западен Балкан уште од 2014 година, кога се одржаа првите изложувања во Белград и во Сараево. На нив се претставија релевантните странски компании со своите напредни технологии и се собраа заинтересираните страни да најдат можности за соработка, инвестирање и иновации на овој високопотенцијален пазар. Најзначајни настани на РЕНЕКСПО се конференциите и тркалезната маса на кои владините службеници, креаторите на политиките, членовите на дипломатскиот кор, лидерите во индустријата и инвеститорите ги промовираат своите интереси, ги здружуваат силите во заеднички напори и ги обликуваат идните трендови. Тоа е единствено место каде што можете директно да контактирате со потенцијалните партнери и да пронајдете информации од прва рака. Со широката мрежа соработници во компанијата РИКО, како од регионот, така и од странство, секој саем РЕНЕКСПО е наменет за успех.
Бидејќи ова е првиот саем РЕНЕКСПО во Македонија, многу странски компании се заинтересирани да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локалните претпријатија и институции. Исто така, пошироката јавност би била заинтересирана да се информира за можните одржливи решенија за енергетските потреби на Македонија, како и за решенија за заштита на животната средина.
Темите, тркалезните маси и дискусиите на саемите се многу релевантни за квалитетот на животот на граѓаните на Македонија и директно влијаат на економскиот развој на целиот регион.