На Економскиот факултет во Прилеп денеска се одржува меѓународна конференција на тема „Дигиталната трансформација на економија и општеството – обликување на иднината” на која учествуваат еминентни стручњаци од земјата и странство.
Отворајќи ја конференцијата д-р Драгица Оџаклиеска, декан на ЕФ Прилеп, посочи дека има за цел на едно место претставниците на академската заедница и бизнис секторот да ги споделат знаењата, искуствата, информациите, како и истражувањата за дигиталната сфера и да понудат нови решенија за креирање нови политики во дигиталната технологија.
За менаџирање со дигиталните технологии говореше Сара Вилијамс од Велика Британија, за пенетрирањето на интернетот во сите сфери се осврна Расим Јилмаз од Турција, додека Небојша Стојчиќ од Хрватска ја посочи маркеринг интеграцијата.
На конференцијата ќе бидат презентирани трудови од 100 учесници од земјата и странство.
Ка.М.