Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) денеска соопшти дека почнаа активностите за продолжување на изградбата на магистралниот гасовод откако е постигната согласност со граѓанските активисти.
Станува збор за магистралниот гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно.
– МЕР АД Скопје ја информира јавноста дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 08.10.2018 година се почнати активностите за продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од км 25 до км 26 на потегот кон Шишево, се наведува во соопштението од МЕР.