Не е во интерес на Германија својата авто-индустрија, погодена од скандали, да ја ослабе до таа мерка таа повеќе да не биде во состојба да инвестира во идните технологии, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– Наша должност е да и кажеме на индустријата твоја должност е да ја повратиш загубената доверба – рече меркел во германскиот парламент за време на дебатата за претстаојниот германски буџет, пренесува Ројтерс.
Германската автомобилска индустрија е погодена од скандалот со лажирањето на софтверот што ги покажува штетните честички во издувните гасови, поради што голем број возила во САД беа повлечени, а Фолксваген плати и големи казни.