Газираната вода на македонскиот бренд Пелистерка за само една година, ја престигна бројката од 1.000.000 единици на бугарскиот пазар. Во конкуренција со многу домашни но и странски води, меурчињата на најстарата македонска газирана вода, си го најдоа патот до истенчениот европски вкус на нашите соседи. Веќе извесен период, на бугарска територија овој македонски бренд развива сериозна стратегија и во однос на продажбата, но и во однос на препознатливоста на Пелистерка. Во моментов Пелистерка можете да најдете на територијата на Софија, Пловдив, Бургас, Велико Трново, Перник, Ќустендил, Созопол, Несебар, Приморско и други.
-Работата со странска вода на територија на Република Бугарија секогаш бил долготраен процес. Со македонската Пелистерка нештата од самиот старт тргнаа по нагорна линија. Нема тука никакви забелешки затоа што доаѓа токму од Македонија. Напротив во газираноста на Пелистерка, бугарските потрошувачи веројатно го најдоа она што им недостига во нашите локални газирани вода. Она што го имаме ние а го немаат другите е природната газираност. Тоа е приказна поради која Пелистерка денес продава милионска количина во Бугарија и полека но сигурно прераснува во омилен бренд на потрошувачите – вели Ѓорги Мечкарски одговорен за извозот на Пелистерка во соседна Бугарија.
Освен во најголемите и најпознати супер маркети како Била, Кауфланд и Метро, газираната Пелистерка можете да ја видите и во трендовските локални ресторани, кафулиња, барови и клубови како на територија на главниот град Софија, така и ни останатите бугарски градови. Ноќните клубови Bedroom Premium, The One, Gotham, Theatro, барови како Koto, Beso, Social Café, Calipso, рестораните Marinela, Genya, View, Pastel…се само мал ден од локациите на кои што можете да се освежите со македонската газирана вода Пелистерка.
Со оваа милионска бројка на бугарска територија, Пелистерка почнува нова етапа во своето работење кое последните неколку години е сериозно ориентирано на освојување на нови пазари.