Лозарите вечерва најавија мирен протест за в недела, поради неплатено грозје од претходни години.
-Мирниот протест ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад во Кавадарци. Целта ни е изразување на незадоволството на лозарите заради неисплатеното грозје од претходните неколку години наназад, од винариите „Стефанс” и „Повардарие”, информираа за МИА од Здружението „Напредни лозари”.
Преку протестот, како што кажаа, сакаат да упатат и порака за навремени субвенции и измени на законот за вино, со цел подобри денови за лозарите.