КРУНА МС – 30 ГОДИНИ НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ И НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА

Во земја каде што условите се непредвидливи и брзо се менуваат, одржувањето на постојан квалитет во работењето и создавање на триесетгодишна традиција на континуиран раст и развој е исклучителен предизвик и достигнување. Но Поликлиниката
КРУНА МС со својот постојан врвен квалитет и јасна визија создадена уште на почетокот на деведесетите години, покажа дека е возможно една идеја да стане реалност.

КРУНА МС е пионер во приватната стоматолошка дејност кај нас и уште од основањето во 1991 година успеа да го достигне реалниот светски врв во практичната модерна стоматологија. Потврда за тоа се над 150.000 посети на пациенти од земјата и странство, како и Премиум партнеството со најголемата светска здравствена осигурителна компанија Интернатионал СОС како и други меѓународни осигурителни компании од областа на здравството: Ванбреда, Аллианз, ГБГ, ТБС 24, како и акредитациите од странските амбасади и меѓународните организации во нашата држава.

Врвната работа и иновациите кои КРУНА МС секојдневно ги применува во своето работење се докажуваат и преку фактите дека КРУНА МС е сопственик на првиот
приватен стоматолошки рентген панорамикс кабинет кај нас, првиот стоматолошки дигитален РТГ кабинет, препознатлива е и по ултра тенките порцелански ламинати кои се нејзин заштитен знак, изработката на циркониум коронки и мостови, прва го претстави ласерското белеење на забите на пациентите, единствена ординација е во нашата држава која ја нуди најдобрата светска терапија со безбојни алајнери Инвисалигн во ортодонтската терапија, прва ординација која направи спој меѓу стоматологијата и анти-ејџинг медицината и е прва eco-friendly ординација во Македонија.

Сево ова не би било возможно без извонредниот тим кој не се менува со текот на годините предводен од проф. д-р Славе Наумовски. Успехот на тимот се должи на тоа што тие го препознаваат значењето на заедничкото работење и тимски дух, истовремено тие се и вистински професионалци со постојаната желба за напредок во својата работа, а задоволството на своите пациенти е секогаш на прво место. Следејќи ги светските трендови во модерната стоматологија, КРУНА МС е меѓу првите која комплетно ги дигитализираше своите услуги од областа на протетиката и ортодонцијата, нудејќи им на пациентите физиолошка функционалност, врвна естетика, сигурност и комфор при изведувањето на нивната терапија. Составен дел на КРУНА МС е и првата приватна клиника за максилофацијална хирургија-хирургија на лице вилици и врат со што се заокружува комплетна нега и грижа на пациентите.

КРУНА МС сите овие години е препознатлива и по поддршката која ја дава на стручните и хуманитарни собири и акции, зајакнувајќи ја својата позиција како општествено одговорна здравствена специјалистичка установа. Затоа, со право таа е најпрепознатливиот бренд во стоматолошката дејност кај нас, добитник на тројно признание – Супербренд, синоним за долга традиција наградена со огромниот број на
задоволни пациенти.