Криминалци украле околу 1,2 милијарди долари во криптовалути од почетокот на 2017 година до денеска, според проценките на работната група за борба против кражба на податоци на интернет, АПВГ.
Проценките се дел од истражувањето на оваа непрофитна организација за криптовалутите и опфаќа како пријавени, така и непријавени кражби.
– Еден проблем што го гледаме како дополнување на криминалните активности како што се шверцот со дрога и перењето пари со користење на криптовалути, е кражба на овие токени од страна на лошите момци – изјави за Ројтерс Дејв Џејванс, главен извршен директор на криптовалентната безбедносна фирма ЧиперТрејс.