Сопственикот и најголем акционер на Еуростандард банка, Трифун Костовски, упати нов јавен повик во кој овојпат бара институциите да се вклучат во истрагата за стечајот на Еуростандард банка. Повикот е упатен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и до Министерството за внатрешни работи.
Костовски ги повика горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој според него, изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Тој апелираше институциите да почнат да дејствуваат по принципот на
допрен глас.
Костовски претходно, преку јавен повик побара поддршка за повлекување на одлуката на Народна Банка на Република Македонија за стечајот на Еуростандард Банка и за нејзино враќање во првобитната состојба.