Министерството за внатрешни работи, како краен корисник на производите од компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит“, Прилеп, ќе исплати шест милиони денари, со цел фирмата непречено да продолжи да работи.   

Одлуката со која го задолжува МВР за исплата на средствата, ја донесе денеска Владата на редовната, 90-та седница.