Властите на Катар имаат намера да инвестираат 15 милијарди американски долари во турската економија, наведе извор од турската влада.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и емирот на Катар Тамим бин Хамад ал Тани разговараа денеска во претседателската палата на Анкара. Тие разговараа за билатералните односи и регионалните прашања. Катарскиот емир рече дека Катар има намера да инвестира 15 милијарди долари во Турција, нагласи изворот.
Агенцијата Анадолија објави дека состанокот на двајцата водачи траела повеќе од три часа.
На состанокот присуствувал и министерот за финансии на Турција, Берат Албаикар.
За време на разговорите, се разговарало и за прашања поврзани со борбата против тероризмот.