Канада ќе воведе казнени царини во вредност од 12,8 милијарди долари за увоз на редица стоки од САД како одговор на вчерашната одлука на САД за воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто царини за увоз на алуминиум од Канада, Мексико и од Европската унија.
Канадската соодветна мерка ја објави министерката за надворешни работи Кристијан Фриланд. Канадските царини влегуваат во сила од 1 јули и ќе бидат на сила додека САД не ги укинат своите царини за Канада.
Министерството за финансии на Канада објави список со американски стоки за кои ќе бидат воведени царини од 25 отсто и од 10 отсто.