Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.
Според декретот на белоруската влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Македонија и Швајцарија, пренесе агенцијата „Тасс“.
Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.