Шведскиот трговски синџир за мебел Икеа објави денеска дека ќе ги затвори продавниците во три норвешки града за да ги намали трошоците во контекст на послабата добивка во изминатиот период.
Продавниците во Осло, Алесунд и Тромзо беа отворени во 2015 и 2016 година во рамки на глобалната пилот програма со која шведската компанија сакаше да ја тестира реакцијата на муштериите на алтернативни решенија на востановениот модел на големи центри на градската периферија.
Со затворањето на наведените продавници компанијата сака да ги намали трошоците во Норвешка за 10 отсто, за да ја зголеми добивката, а на работниците ќе им бидат понудени места во други продавници, се наведува во соопштението.
Во рамки на тригодишната програма на прилагодување на деловниот модел, најавија подобра понуда преку Интернет и пократко време на испорака за да привлечат што поголем број купувачи.