Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, како и на Компанијата „ВИА“, денеска во 19 часот во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2019.
Инспирацијата за творење во Вевчани и оформување на своите врвни уметнички ја најдоа уметниците: Васил Ташкоски, Коле Манев, Ефтим Ристов, Синиша Кашавелски , Ставре Димитров Стадим, Томе Мишев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Павле Кузманоски, Даниела Димческа, Илија Спасовски-Чендо, Петар Попчев, Владимир Симеонов и Драган Верговски од Република Македонија, како и уметниците Федор Сухинин (Русија), Бисенија Терезченко (Србија), Жељан Павиќ (Хрватска), Оливера Протич (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Натали Бергерон (Франција), Петар Белишки (Бугарија), Софиа Амперидон (Грција), Димитра Клирономоу (Грција), Пивос Танос (Грција), Поебе Коутселос (Грција), Зисис Блиаткас (Грција), Анастасис Блиаткас (Грција), Иван Коциќ (Србија), Фани Скоуликиди (Грција) и Марина Лито (Грција).
Во знакот на децениското постоење, традиционално на крајот на месецот јуни, во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија досега беа изложувани во светски уметнички центри како во Подгорица – Црна Гора, Софија – Бугарија, Њујорк – САД, Москва- Русија и Париз – Франција.
Изложбата ќе биде отворена до 7 јануари 2020 година.