Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 194.235.989 илјади денари и бележи пораст од 14,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 251.236.685 илјади денари, што е за 11,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, изнесува 57.000.6D96 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз 77,3 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во споменатиот периодот, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Италија.