Керката на америсканскиот претседател Доналд Трамп е еден од многуте кандидати кои се во трка за „прв човек“ на Светската Банка, пренесува „Индепендент“. Се смета дека Иванка Трамп е еден од можните наследници на Џим Јонг Ким, кој даде оставка на позицијата три и пол години пред крајот на неговиот мандат.
Ненадејното заминување на Ким, кој првенствено на функцијата беше назначен од поранешниот претседател на САД Барак Обама во 2011 и реизбран во 2016, значи дека Доналд Трамп може да назначи нов претседател на Светска банка.
Според медиумите во светот, имињата кои се споменуваат за оваа престижна позиција се оние на керката на Доналд, Иванка Трамп, секретарот на Министерството за финансии на САД, Дејвид Малпас, поранешната амбасадорка во Обенидентите нации Ники Хејли и првиот човек на Агенцијата за меѓународен развој на САД, Марк Грин.
Џим Јонг Ким изјави дека ја нашпушта позицијата во Светската Банка за да работи во приватниот сектор на „Вол Стрит“.
Светската банка изјави дека следниот претседател мора да биде докажан лидер и да има искуство во менаџирање на големи меѓународни организации и да биде запознаен со јавниот сектор.