Чебрен и Галиште ќе биде помала инвестиција од околу 220 милиони евра, а не мегаломански зафат. Македонија сама ќе ја реализира зашто е финансики стабилна, ликивидноста и солвентноста се зголемени, а има и многу средства во домашните банки, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Заев очекува банките да понудат поволни кредити. Во спротивно, земјава ќе биде принудена да обезбеди пари однадвор.
– Преку десетици пати тендери не успеаја. Тргнавме на една реалистична основа. Проценката на инвестицијата е околу 220 милиони евра. Убедени сме дека ЕЛЕМ како главен столб на производството на електрична енергија, може да го понесе овој капацитет заедно со Владата и сите институции. Би влегол во преговарачки процес со сите банки. Очекуваме да формираат конзорциум и сите да пласираат средства, се надевам конкурентни зашто не ни е обврска да земеме од дома пари. Ако не дадат доволно евтини камати, ќе земеме пари од надвор, но верувам дека ќе може да бидат конкуренти – објасни Заев по потпишувањето на Годишната програма за вработување.
Веднаш штом ќе се обезбеди финансирањето, ќе бидат повикани сите градежни компании во Македонија кои можат да работат вакви проекти.
– Изградбата би траела пет до осум години зашто се работи за сериозен проект и во делот на производството на електрична енергија и во делот на водоснабдувањето на целиот регион каде новата акумулација би можела да биде за развој на земјоделството и други активнсоти во Централна Македонија – рече премиерот.