Претседателот на Владата, Зоран Заев, синоќа заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, професори и експерти во дебатата за Предлог-буџетот за 2021 година на националниот јавен сервис, истакна дека има интерес за продавање на дел од државните компании, како и на ресурсите во кои таа е доминантен сопственик, и тоа е објавено и пред појавата на економско-здравствената криза, а се работи за „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“, „Тутунскиот комбинат“ – Прилеп и други ресурси, како што е Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси.
– Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 % откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично. Станува збор за неефикасни ресурси во рацете државата и тие треба се стават во функција на нови приливи во Буџетот. За „Македонски пошти“ веќе има заинтересираност од повеќе европски земји – рече премиерот, осврнувајќи се на плановите за ревитализација на ресурсите кои не се докрај искористени, а со кои ќе се обезбеди дополнителни средства за економско заздравување.
Заев истакна дека анализите покажуваат дека има голем потенцијал и во можностите од продажба на земјоделското земјиште согласно одредени услови по пазарни цени што е во државна сопственост кое се проценува со вредност од повеќе од 2 милијарди евра, а од продажба на дел од него се очекуваат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023-та“, оцени премиерот Заев во емисијата „Отворено студио“ на МТВ.