Функционери на Европската централна банка (ЕЦБ) изработуваат план како да се справат со потенцијалните стотици милијарди евра неплатени кредити за време на пандемијата на коронавирусот, што вклучува и основање „лоша банка“, пренесување медиуми, повикувајќи се на два добро упатени извора.
Планот што се изработува во моментот додека Европа собира 1.000 милијарди евра за да ја зајакне економијата, има цел да ги заштити комерцијалните банки од какви било падови од кризата во случај растечката невработеност да ги намали приходите за враќање на заемите.
Еден од луѓето запознаени со планот рече дека ЕЦБ основала работна група што ќе ја разгледа идејата за „лоша банка“ за складирање на неплатените долгови во евра.
Концептот „лоша банка“ е осмислен за банките што се основани да купуваат лоши кредити и други неликвидни удели на другите финансиски институции.
ЕЦБ одби да коментира дали работи на ваков план.