МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА НА ВАШИОТ РЕБРЕСТ РЕМЕН

Ребрестиот ремен е витален за функционирање на моторот и диригира со неговата работа. Овој систем е постојано изложен на низа напрегања и затоа неговата беспрекорна состојба е особено важна.

Сервисниот план строго ги пропишува интервалите на негово сервисирање и тука не би требало да постои компромис. Секое негово непочитување може да доведе до трајни оштетувања на моторот.

Токму затоа „Еуроимпекс“, генерален увозник за брендот „Пежо“ во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да го проверат својот сервисен план и сервисната книша на своето возило за да може бегрижноста да продолжи.

Ова е одлична можност за сите сопственици на „Пежо“, да добијат промотивна цена за сет ребрест ремен, водна пумпа и работна рака за таа операција.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на „Пежо“ во Македонија и истата е со времетраење до 15 јуни 2020 година.

Придобивка за клиентите се секако двете сервисни локации во Скопје на импортерот „Еуроимпекс“ и уште петте сервисни локации распространети во нашата земја. „Еуроимпекс“ и дилерската мрежа ја поставуваат безбедноста на своите клиенти на највисоко ниво и одговорно се придржуваат и ги имплементираат најновите насоки, препораки и совети дадени од Светската здравствена организација и Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе на следниот линк.