АД ЕСМ достави понуда во вредност од 41 евро за мегават час на петтиот тендер на Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум, со цел за задоволување на планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Цената е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот од јули до декември годинава.
– Купопродажната цена е за 13,6 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на ЕВН Хоум за периодот од јули до декември годинава. ЕСМ тогаш понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегават час, како што потенцираат од ЕВН Македонија.