Турција ќе достигне висок економски раст оваа година и ќе ја остави својата врата „ширум отворена“ за меѓународните инвеститори, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Имам лоши вести за оние кои се обидуваат да го користат девизниот курс како страшило за плашање на нашиот народ. Турција со висока стапка на раст, што ќе ја достигне во 2018 година, уште еднаш ќе ги осуети игрите кои се играат против неа – порача Ердоган.