Компанијата Епл, која минатата недела ги намали проценките за продажба, го намали и планираното производство на трите модела на Ајфон за околу 10 отсто во периодот од јануари до март.
Смалувањето укажува на намалената побарувачка за Ајфони во Кина, најголемиот светски пазар за паметни телефони, чиј економски раст забавува, меѓу другото и заради трговската војна со САД.
Но, многу аналитичари и потрошувачи велат дека цените на новите модели на Ајфон се превисоки, пишува Ројтерс.
Епл кон крајот на минатиот месец побара од своите добавувачи да произведуваат помалку „ИксДе“, „ИксЕс Макс“ и „ИксЕр“ моделите од претходно планираното.
Деновите и Самсунг предупреди на пад на добивката во четвртиот лански квартал за речиси 30 отсто, а на приходите за 11 отсто заради помалата побарувачка за паметни телефони и чипови, посебно во Кина.